Пратеникот кој повика на воен пуч во Грција е избркан од партијата Златна Зора

Пратеникот на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Константинос Барбарусис, кој од собраниската говорница повика на воен пуч во Грција е избришан од партијата.

По повикот во парламентот дека поради договорот со Македонија војската треба да реагира и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, претседателот на Златна Зора, Никос Михалољакос, донел одлука со согласност од неговата пратеничка група да го избрише Барбарусис од партиската листа.

Објаснувањето на Михалољакос e дека „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна зора“.

Translate »