Заев плива на Халкидики
Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.
Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден од вицепремиерите со сопругата.
Како што известува грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.
Фото: thessnews.gr