Француската актерка Лeтиција Каста ќе снима филм во околината на Битола

Француската актерка и модел Лeтиција Каста ќе снима филм во околината на Битола. Од 20 јули до 24 август во неколку битолски села ќе се снима швајцарско-францускиот „Зад хоризонтот“ (Le Milieu de l’horizon) на режисерката Делфин Леерисе.

Латиција Каста со години ги краси насловните страници на светските списанија. Има снимено повеќе од 20 играни филма, меѓу кои: „Гензбур“, „Астерикс и Обеликс“, „Утрата што пеат“, „Французинки“, „Зад ѕидовите“. Светот ја знае и како модел на „Викторија сикрет“.
Македонија не е копродуцент во филмот, но ги нуди услугите за снимање. Продуцентите Box productions од Швајцарија и Entre chien et loup од Франција ќе ги користат поволностите од Законот за филмска дејност, во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Носител на филмскиот сервис е „Кино око“ од Скопје. Продуцентот Роберт Насков ни објасни дека овие копродуценти ќе можат да повратат 20 отсто од сумата што ќе ја вложат за т.н. квалификувани трошоци.
Филмот е поддржан од „Еуримаж“.

 

Translate »