Колку ќе не чини референдумот?
Трошоците за одржување на референдум за името што ќе се одржат на 30 септември по одлуката на македонскиот парламент ќе бидат во вредност од 3,5 милиони евра.
Парите ќе бидат обезбедени од буџетот на Република Македонија со пренамена на пари помеѓу средствата дефинирани во одлуката донесена вчера. Одлуката за пренамена на средствата беше усвоена едногласно со 64 гласа за.Претходно, со 68 гласови за едногласна одлука за референдум – 30.09.2018 година Прашањето за референдумот би било: “Дали го поддржувате членството во ЕУ и НАТО со усвојувањето на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”
Пораки за успешен референдум, со кој ќе се ефектуира договорот за 27-годишниот спор помеѓу Скопје и Атина, вчера повторно упати и еврокомесарот Јоханес Хан.
Тој посочи дека ратификацијата и успешниот референдум се суштински чекори на патот кон членство во НАТО и ЕУ и ги повика сите политички фактори конструктивно да работат за да ја постигнат оваа цел, а не да го загрозат напредокот поради дневна политика.
За спроведување на Договорот меѓу Македонија и Грција, кој беше потпишан на 17 јуни во Псарадес, треба да следуваат и уставни измени.
Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека ако на референдумот нема исполнет цензус, тогаш останува институциите да одлучат, односно Парламентот да се изјасни за измените на Уставот.