Со Heineken и Зоки Бејбе го отвораме светот на Reworks фестивалот
Во екот на големата Heineken наградна игра “Отвори го светот на музиката”, каде меѓу другите вредни награди имате шанса да добиете билет за најпопуларниот фестивал за електронска музика на Балканот – Reworks, нашиот познат диџеј Зоки Бејбе споделува збор-два за неговите искуства со овој фестивал, а ни подготви и одлична плеј-листа со неговите омилени песни кои ги слушал токму на Reworks.
Заедно со Heineken и Зоки Бејбе, отворете го светот на музиката и уживајте!
„Огромна е улогата на Reworks фестивалот на Балканот бидејќи ни нуди можност да имаме пресек на најактуелните музички движења, како и шанса да проследиме диџеи, продуценти и живи настапи кои реално не можат да бидат видени на овие простори во редовните клубски агенди на еден музички настан.
Солун како град го сакам од детството, и е поврзан со “плочарите” од кои набавував музика во моите тинејџерски денови. Мојата врска со музиката и овој прекрасен град вистински стана нераскинлива со појавата на Reworks и пријателството со организаторите на овој фестивал кои редовно прават пред-забави во клубовите каде сум резидент.
Ова е изборот на 10 траки кои секогаш ќе ме потсетуваат на Reworks, или ќе бидат овде поместени како потсетник што сакам јас да проследам оваа година од понудената импресивна листа на артисти.”
- Hercules & Love Affair – My House
Во 2011 имав прилика да ги проследам во живо Hercules & Love Affair. Една од најубавите постави на овој “house music” бенд со Shaun Wright, Aerea Negrot и секако Kim Аnn Foxman. Reworks е така опуштен фестивал каде артистите не е воопшто тешко да ги запознаеш по настапот, така да и ние, малата екипа од Скопје, се запознавме со Andy и останатите од бендот а потоа половина од оваа постава настапуваше во скопските клубови.
https://www.youtube.com/watch?v=9wjc7-s1o2Q
- ART DEPARTMENT & KONRAD BLACK – GRAVEYARD TAN (VERSION 1)
Истиот тој Reworks на отворениот стејџ настапија и канаѓаните Art Depatment. Сиот свој свет го изградија врз најдлабокиот deep house кој можеше да се исцеди од оваа нивна трака во колаборација со Konrad Black. Се изгубив од шизење. Подоцна оваа плоча ми стана важна за завршување на моите диџеј-сетови.
https://www.youtube.com/watch?v=L3LYVkpW6fI
- Laurent Garnier – The Man With The Red Face
Оваа година доаѓа еден од пионерите на глобалната клубска култура, францускиот диџеј и продуцент Laurent Garnier. Да се има 20 години и да се пропушти еден од највлијателните уметници во техно музиката е просто непроценлива загуба на периодот од животот кој го нарекуваме младост.
l https://www.youtube.com/watch?v=J5bBCaUnPq4
- Alva Noto – Uni pro
Германскиот композитор на современа електронска музика Carsten Nikolai, познат како Alva Noto го проследив во живо на Reworks и сметам дека тоа е најфутуристичкиот настан кој сум имал прилика да го доживеам. Многу моќно, и во секој момент никогаш претходно доживеано. Токму поради настапите на вакви имиња Reworks фестивалот ужива голем респект глобално.
https://www.youtube.com/watch?v=kBeXYT4svBo
- Recondite – Capable
Оваа година во живо ќе настапи Recondite – германски артист кој е вистински генијален претставник на последната генерација продуценти кои го обликуваат звукот на декадата која ја живееме.
https://www.youtube.com/watch?v=0RdliKo9uhM
- Francois K – FK EP – Hypnodelic
Легендата на њујоршката клубска сцена Francois K заедно со Joaquin Claussell и Danny Kravit ќе ја донесат суштината на њујоршкиот клубски звук од самите почетоци. Музичко патување од една од најголемите клубски резиденции “Body and Soul”. Магичен настан на овогодишната програма.
https://www.youtube.com/watch?v=vRam9qfOsEk
- Shaun J. Wright & Alinka ‘Matters Of The Heart’
Извонредната диџејка и продуцент Alinka од Чикаго која живее во Берлин, оваа година ќе го има својот прв настап на Reworks. Таа редовно настапува во Panorama Bar Berlin и низ европските андерграунд клубови. Во Скопје имаше два настапа.
https://www.youtube.com/watch?v=vrYsn3T5aS8
- Nina Kraviz – I’m Gonna Get You
“Superstar” диџејката Nina Kraviz е веќе заштитен знак на фестивалот со неколку последователни настапи и големото пријателство со организаторите. На еден од нејзините настапи пред неа настапи мојот колега диџеј Flooder од Polux. Диџеите од оваа респектирана македонска диџејска асоцијација повеќепати имаа настапи на Reworks. Nina Kraviz e дефинитивно и заслужено најпопуларното име на фестивалите по светот. Тоа не ја менува нејзината андерграунд суштина и креативност со кои настапува и истовремено ја води дискографската куќа „TRIP Records”, која неодамна го славеше своето дваесетто издание.
https://www.youtube.com/watch?v=rqh4UE4fIJ0
- Maceo Plex – Solar Detroit
Уште еден “superstar” диџеј кој е редовен на програмата. Maceo Plex e чудотворец кога “микса” онолку колку што се магични и неговите фантастични продукции. Оваа трака секогаш ќе ме потсетува на Reworks.
https://www.youtube.com/watch?v=cXBIZOiSaxA
- Matthew Herbert – Suddenly
За крај на листата го оставив артистот поради кого јас би отпатувал во Солун овој септември. Matthew Herbert за прв пат настапува на Reworks и тоа ќе биде настан за паметење. Генијалниот “house” продуцент кој ги сруши бариерите создавајќи музика со џез оркестар и работејќи на концептуални проекти со музичари од сите страни на Европа. Од имињата со кои соработувал ќе ги издвојам Serge Gansbourg, Quincy Jones, R.E.M, Bjork, Moloko и Roy Ayers.
https://www.youtube.com/watch?v=wdgoawjeJEE