Деца пронашле граната на брегот на Охридско Езеро кај Радожда

Деца пронашле граната на брегот на езерото кај струшкото село Радожда. Според полицијата, вчера околу 11 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од селото Радожда, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во селото.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

Translate »