Колку плата земаат наставниците низ светот?
Професорите во Финска имаат автономија и треба сами да смислат наставен план, а во Словачка треба да ги научат децата да ја сакаат природата, па така минуваат по една седмица надвор од градот и учат работи за околината.
Професијата наставник е една од најодговорните во светот, а треба да биде и една од најпочитуваните.
Иако целта на сите им е да го пренесат знаењето на помладите, работниот ден на наставниците во секоја земја е различен, па така во Јапонија тие работат по 54 часа неделно, додека во Франција само 18.
Какви се платите на наставниците во државите низ светот:
Луксембург – 10.000 евра
На наставниците се гледа како на интелектуална елита. Тие често студираат надвор и вложуваат многу во својата себенадградба. Во едно одделение не смее да има повеќе од 15 деца.
Германија – 6.000 евра
Ова е ценета професија во Германија. На децата им се дава многу малку домашни задачи, затоа што Германците веруваат дека ако децата седат долго во училиште, потоа треба да имаат слободно време за игра и забава.
Канада – 5.500 евра
Наставниците се авторитет и се ценат таму. Тие постојано се дообразуваат, а неделно работат по просечно 45 часа.
Јапонија – 5.250 евра
Во Јапонија покрај за образование, наставниците се должни на децата да им ги пренесат и традиционалните јапонски вредности и постојано се под будното око на јавноста. Јапонските наставници работат по дури 54 часа неделно.
Финска – 3.900 евра
Финските наставници имаат комплетна автономија и тие си подготвуваат наставен план независно еден од друг. Дури се во позиција да им помагаат на децата и да ги насочат при изборот на идната професија. Работат по 32 часа неделно и даваат малку домашни задачи.
извор Црнобело