Сања Шуплевска: “Фантомски приказни” e перформанс интерактивен со публиката

Сања Шуплевска е реномирана виолинистка која долги години твори во странство. По тригодишната специјализација во Салцбург, Австрија во 1997 замина во Канада каде се стекна со титулата Мастер по музика. По завршување на магистерските студии 15-тина години работи како професор по виолина и камерна музика на универзитетот “Амброз” во Калгари, конзерваториумот “Маунт Ројал”, а исто така редовно настапува и со филхармонијата на Калгари, и други оркестри во Западна Канада како оркестарски виолинист, солист, камерен музичар и менаџер.

Сања Шуплевска: оркестарски виолинист, солист, камерен музичар и менаџер.

Поводот за овој разговор е несекојдневниот настан што ќе ни го приреди во октомври станува збор за”stand up” претставата “Фантомски приказни” sing along (публиката пее со учесниците во претставата) Посетителите ќе имаат можност да уживаат во овој забавен настан со светски позната музика. Во Скопје претставата се планира за 4-ти и 6-ти Октомври 2018 со почеток во 20 часот,во просториите на МОБ,  како колаборативен  проект помеѓу ” Cowtown Opera” од Калгари во организација на Канадскиот музички центар во Скопје и асоцијацијата “Полифонија”.

Сања Шуплевска: Божиќен концерт со филхармонијата на Калгари

Радар:Може ли да ни кажете повеќе за овој македонско -канадски проект, како дојдовте на ваква идеја и кои се другите творци на проектот?

Со дитигентот Џејсон Ерхард  веќе го работевме овој проект во Канада, создадовме еден поинаков вид на перформанс, импровизаторски и камерен – интимен со публиката. Сметав дека ова е проект кој на нашиов простор ќе донесе свежина и нов пристап кон класичната музика и воедно популаризација и доближување до секој вид  на публика.  Покрај тоа, проектот е и можност за афирмација на оперската дејност, како и  нејзините солисти кои пак ќе стекнат нови искуства на работа, и поврзување со светски позната оперска компанија.Според мене потребни се вакви проекти со поинаков концепт на работа за изведувачот, при што се стекнуваат искуства кои резултираат секогаш со поголема атрактивност пред слушателот. Тоа е и основната цел на новооформениот Канадски Центар – линк со актуелни трендови од западот.

Носител на проектот е асоцијацијата “Полифонија” со која одамна имам чест да соработувам и е секогаш мојот избор поради професионалноста, флексибилноста и долгогодишното практично искуство при организирање на настани од различни областа на културата. Проектот е поддржан од Министерсвото за култура, во соработка со МОБ, Cowtown Opera во Калгари и Канадскиот музички центар во Скопје.

Сања Шуплевска со диригентот Џејсон Ерхард

Радар: Диригентот Џејсон Ерхард  специјално ќе допатува од Канада за поставување на овој прв проект на Канадскиот центар во Скопје ?

Диргентот Ерхардт е автор на овој проект и затоа го поканивме лично да дојде и да го постави со што уште еднаш ја потврдуваме целта на Центарот за поврзување на уметниците со продукциски куќи во целиот свет. Џејсон е инаку сестран уметник, професор, баритон, виолончелист, министер, и се јавува како продуцент на повеке институции за промоција на талентирани оперски солисти во Канада.

Радар:Ваков сличен проект изведувавте и во Канада како помина таму имаше ли добар прием од публиката ?

Во времето кога го подготвувавме овој проект, постојано настапував со филхармонијата на Калгари која остварува 3 концерти со различна програма неделно. Тогашниот шеф-диригент, темпераментниот Роберто Минчук од Бразил, секоја седмица на програмата ставаше моќни дела од Вагнер, Стравински, Малер, Сибелиус, Корнголд , Глас, Адам итн. Тоа се комплексни композиции каде од виолинистот во оркестарот се бара прецизна вештина која сосема може да се спореди со атлетика на олимписко ниво. Во една таква врвулица од ноти и тоналитети, се појави Јасон Ерхардт кој љубезно ме покани да бидам концертмајстор на овој проект на нежна, романтична и комично стравична музика под раководство на модерната, ултра-ентузијастичната Каутаун опера. Проектот и сите репризи поминаа во една хармонија и релаксираност меѓу учесниците и распродадени рутини. Публиката заразена од ентузијазмот со задовоство ни се придружи во изведбата.

Работно од подготовките во МОБ

Радар:Што мислите за нашата публика, знае ли да препознае добра музика ?

Знае. Понекогаш и недостасува љубопитност и прифаќање. Целта на музиката е да се почувствува човечноста (состојбата или пораката) на авторите, кои често се од друго време или место во историјата. Таа комуникација понатаму е пренесена до публиката преку интерпретацијата на музичкиот уметник, кој пак – во целосната комуникација со други времиња и простори – го венсува своето лично видување и шарм. Западниот слушател постојано бара нови видувања и концепти. Напротив, кај нас кога интерпретацијата е различна од она на кое што нашата публика е навикната, тогаш настанува неприфаќање и барање грешки. Ова сметам е сосем едноставна работа која резултира во намалена функционалност при процесот да се разбере деликатно подготвената порака од авторот и изведувачот.  Имено уште една цел на овој проект е обид за една релаксирана, несекојдневн вечер каде најважна е публиката и општата релаксираност при впивање на оваа прекрасна музика.

 

Радар:Помогна ли нашето Министерство за култура или моравте да се потпирате на други спонзорства?

Министерството секако го поддржа проектот и помогна со еден дел од финансиите. Останатиот дел е реализиран со помош на неколку компании, љубители на музиката кои го разбираат вистинското значение на уметностите во едно општество. Огромна благодарност до” Еуролинк”, “Туркиш еарлајнс“  ,” Канадскиот конзулат “во Скопје, како и “Скопска Пивара”, “Идеалаб” и др. кои срдечно ни помогна во овој проект.  Благодарност за поддршката и ентузијазмот и до режисерот Златко Славенски, директорот на сценска техника Горан Кочишки, диригентката Јасмина Ѓорѓева и прекрасниот хорски ансамбл при операта на МОБ. Голема благодарност и до професионалниот тим на Полифонија, за успешната работа при реализација на овој проект.

 

Translate »