Најголемо откритие во Егејското Море: Пронајдени се 58 потонати бродови
Aрхеолози во Грција пронајдоа остатоци од 58 бродови од кои на многумина се наоѓаат антиквитети, што е најголемо откритие во Егејското, а веројатно и во Средоземното Море.
Остатоците од бродовите се најдени во малиот островски архипелаг Фурни на исток од Егејското Море и поголемиот дел од нив потекнуваат од грчки, римски и византиски период, пренесува Reuters.
Кога меѓународниот тим почна подводно истражување во 2015 година откри остатоци од 25 бродови, а со последните откритија бројката се искачи на 58 и тимот верува дека на дното од морето лежат уште многу тајни.
Во бродовите се најдени повеќе од 300 антиквитети, најмногу амфори, кои, според зборовите на директорот на истражувачкиот проект, Георг Кацуфлакис, се користени најмногу за транспорт на вино, масло или мед.
Тој рече дека најверојатно лошото време е објаснување поради тоа што толку голем број на бродови потонале токму во Фурни.
Фурни инаку е мала островска група во источниот дел од Егејското Море, која се наоѓа во триаголник помеѓу Патмос, Самос и Икарија.