НЛБ: Водиме постапка за присилна наплата против Земјоделски комбинат Пелагонија, а не Здравје Радово
НЛБ соопштение:
Во врска со текстот објавен во неколку медиуми, а во кој се споменува Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје, го даваме следното објаснување:
НЛБ Банка АД Скопје во моментов не води никаква постапка за присилна наплата против Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.
НЛБ Банка АД Скопје има започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија акционерско друштво од Битола, а заради наплата на побарувања. Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.
НЛБ Банка дејствува согласно законските прописи и сите наши активности се насочени пред се кон заштита на интересите на нашите депоненти и интересите на Банката воопшто.
Како системска банка во Република Македонија, во рамки на нашите надлежности секогаш настојуваме да обезбедиме стабилност и примарна цел на Банката е нормално функционирање на компаниите.