Видео: змија напаѓа човек

Објавена е снимка од Тајланд направена во полициска станица на северот во државата. Од видеото се гледа како во полициска станица влегува долга змија која се движи кон 45-годишниот човек кој седи во чекалната на станицата.

Човекот отпрвин е шокиран, но потоа успева да ја совлада. Со нозете ја удира додека седи и на крајот, ја фаќа за опашката и главата. Полицајците дури тогаш излегуваат од канцелариите, видно исплашени од змијата.

Човекот на крајот ја враќа змијата во најблиската грмушка, каде што ѝ е местото.

Translate »