И Мицотакис во стилот на Бетмен: “Секогаш е најтемно пред зората!”

“Секогаш е најтемно пред зората. Владата на Ципрас е во најтемниот момент на своето тажно патување. Но, блиску е денот кога ќе дојде новата светла ера на Грција. Наскоро, со волјата на нардот, ќе ѝ ја вратиме на Грција националната гордост, стабилност, и пред се достоинството,” порача лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис, во обраќањето по денешниот протест против Преспанскиот договор во Атина.

“Грчкиот народ денеска си го кажа своето и сите треба да го слушнеме неговиот глас. Како прво, господинот Ципрас и поддржувачите на Преспанскиот договор, кои се подготвени да гласаат без мандат од нивните гласачи”, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија ја обвини власта дека со хемиски средства ги нападнале мирните демонстранти, меѓу кои имало и семејства , деца и повозрасни лица. Му порача на Ципрас дека за тоа ќе биде побарана одговорност.

“Вештачкото мнозинство во Парламентот е ништожно наспроти милионите Грци кои се противат на Договорот. Пропагандата на Сириза не може да ја сокрие вистината дека тоа е договор со кој се поништува децениската надворешна политика,со признавање на македонскиот идентитет и јазик на соседот и се зацврстува нивниот иредентизам”, истакна Мицотакис.


Translate »