Во солзи пред мајката на прегазеното шестгодишно момче: Знам, виновна сум, жал ми е…
Сите плачеа во судницата во општинскиот суд во Нови Загреб, каде започна судењето на Стефани Линдиќ (74).
Во 2017 година таа на пешачки премин во центарот на Самобор, прегази шестгодишно дете. На судењето сите плачеа, мајката на починатото момче, обвинетата, а и вработените во судот не останаа рамнодушни.
-Дали вие сте мајката на момчето?- ја праша пензионерката младата жена , која не можеше да ги запре солзите. Овбинетата, тогаш клекна, обидувајќи се да ја фати за рака мајката на починатото момче , но таа истрча од судницата, не можејќи да ги совлада емоциите.
Иако одбра да се брани со молчење, Линдиќ не престана да плаче и да се правда во текот на судењето. Судијата се обидуваше да ја смири, за накрај да побара од неа да замолчи и да го почитува процедурите.
-Виновна сум, признавам. Ужасно ми е жал. Не сум сигурна како се случи ова. Секој ден се обидувам да ја реконструирам несреќата, но не ми оди. Знам како им е на родителите на ова момче, бидејќи јас сум поминала низ сето тоа кога загина син ми. Депресивна сум. Одам на психијатар, цело време земам апчиња. Не живеам без антидепресиви. Имам живот кој не личи на ништо.
Седам дома со денови. Само одам во црква. Јас сум мртва. Мојот живот, ова малку што ми останува, е целосно уништен. По 50 годишен возачки стаж, не можам да сфатам како се случи овој ужас – низ солзи се правдаше пензионерката.
Обвинителството ја терети Линдиќ дека кобната вечер од небрежност предизвикала сообраќајна несреќа, поради што може да добие една до осум години затвор.
Таа на пешачки премин, возејќи со брзина од 37,5 км на час, удрила во шестогодишникот и неговиот три години постар брат, кои ја поминувале улицата во придружба на мајката.
Постарото момче поминало со полесни повреди, но помалото дете починало еден час подоцна во болница од повреди на черепот.
Експертите велат дека обвинетата можела да закочи , ако се земе предвид дека возела со мала брзина, но не реагирала на време.
Мајката во обвинителството ги опиша моментите на пеколот.
-Бевме на прошетка со децата. Дојдовме до плоштадот и планиравме да одиме на шеталиштето. Видливоста беше добра, имаше светлина, а сообраќајот беше редок. Кога со децата стапнавме на зебрата, видов дека ни се приближува еден автомобил од десната страна . Беше 20 метри подалеку. Колку што се сеќавам, се се случи брзо, бидејќи светлата на автомобилот за миг дојдоа веднаш до нас. Децата и јас веќе бевме на средината на пешачкиот.
Автомобилот го удри мојот постар син и го фрли настрана. Одеднаш видов дека нешто се тркала под тркалата. Тоа беше помалиот син. Почнав да врескам. Се сеќавам дека колата запре.Една госпоѓа излезе и рече дека не нè видела, -изјави мајката на починатото момче.
Комбинираната психијатриско-психолошка и токсиколошката експертиза покажа дека Линдиќ во тоа време бил физички стабилна и дека нејзината возачка способност не била намалена поради евентуална психолошка декомпензација или когнитивна дисфункција. Експертите исто така сметаат дека психофармаколошката медикација што ја зела фаталниот ден не можела да влијае на бавноста на нејзините рефлекси.
преземо од јутарњи хр