Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија.Како што објавија српските медиуми, Шаулиќ во автомобилот бил со својот кум. Двајцата веднаш се пренесени в болница, но пејачот, иако лекарите до последен момент се бореле за неговиот живот, им подлегнал на повредите.Несреќата се случи во околината на Билефелд, на пат кон Дортмунд.