Така тоа го прават жените: Летаа клоци и боксови на фудбалски натпревар меѓу Русија и Швајцарија
Ретко виден инцидент се случи на натпреварот од квалификациите за женското Европското првенство помеѓу младите (до 17 години) репрезентации на Русија и Швајцарија.
Капитените на двете селекции, Ела Лјустина и Жозе Диана Памен Чато влегоа во жестока пресметка во која си доделија и по неколку удари.
Лјустина ја држеше топката не дозволувајќи да се изведе почетен удар, на што бурно реагираше Чато која со нога ја удри фудбалерката на Швајцарија. Лјустина да не остане покусо, возврати со тупаници, па настана една невидена бркотница на теренот на Спортскиот центар во Србија каде се игра турнирот.
Епилогот од инцидентот беше она очекуваното, и двете добија директни црвени картони. На крајот Швајцарија победи со 4:2.