Видео: Траект потона во Ирак, околу 100 лица загинаа, а поголемиот дел од нив се жени и деца
Трагедијата се случи синоќа во близина на градот Мосул за време на прославата по повод одбележувањето на Норуз, пред-исламска персиска нова година.
Полковникот Хусам Калил, шеф на цивилната одбрана во провинцијата Ниневија, изјави дека многу од загинатите се жени и деца. Тој додаде дека операциите за спасување сѐ уште се во тек.
Извештаите велат дека бродот бил преполн со мажи, жени и деца кои се движеле кон туристичката област која е дел од локациите за прославите на Норуз. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, генерал-мајор Саад Ман, рече дека 55 лица се спасени. „Бродот потонал, бидејќи имало многу патници на бродот – повеќе од 100″, изјавил неизвесен официјален претставник за обезбедување со седиште во Мосул.