Случајот кој го потресе светот: Одбила да танцува гола за пријателите на сопругот, па ја претепале

Еден маж во Пакистан е уапсен откако ја измачувал својата сопруга – најпрвин ја соблекол гола, ја претепал, а потоа ја избричил нејзината глава, затоа што одбила да танцува за неговите пријатели.

Случајот се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност откако беше објавена снимка од претепаната жена на социјалните мрежи. Станува збор за Асма Азиз која ја моли јавноста за помош.

Асма во видео снимката открива дека нејзиниот сопруг Миан Фаисал и неговите другари збеснале откако таа одбила да танцува за нив. Таа тврди дека била понижена затоа што била соблечена гола, а потоа ѝ ја избричиле главата и ја тепале со метални шипки.

„Мојата облека беше крвава. Бев врзана и обесена за вентилаторот. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси“, изјави Асма која открила дека Фаисал бил исполнет со љубов кога пред четири години се венчале, а од неодамна неговото однесување започнало да се менува.

Мајката на тригодишното дете открива дека тој често ја малтретирал и често бил во алкохолизирана состојба. Таа открива дека успеала да побегне од куќата после нападот и да стигне до полициската станица во која одбиле да поднесат пријава затоа што немала пари за мито. Исто така, одбиле да ја лекуваат, барајќи исто така мито.

https://twitter.com/ShireenMazari1/status/1110870353314832384/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110870353314832384&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F302865%2Fslucajot-koj-go-potrese-svetot-odbila-da-tancuva-gola-za-prijatelite-na-soprugot-pa-ja-pretepale

Translate »