Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се збогуваше со Енвер Малиќи

Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи почина како последица на коронавирусот.

Утринава на 68-годишна возраст почина Енвер Малиќи, познат македонски бизнисмен и заменик градоначалник на Град Скопје, а пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи.

На „Фејсбук“ се огласи и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој објави заедничка фотографија со Малиќи и напиша емотивна порака по загубата на неговиот пријател.

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател ! Почивај во мир Енвер, пријателе мој !“, напиша Шилегов на социјалната мрежа „Фесјбук“. https://www.facebook.com/v2.8/plugins/post.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df3d88e2254c4684%26domain%3Dtocka.com.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Ff19f37079365188%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpetreshilegov%2Fposts%2F3452760828281824&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=true&width=

Translate »