Човек кој се чувствува како куче!

Каз Џејмс вели дека никогаш не се пронашол во улогата на човек, па одлучил да јаде кучешка храна, да носи маска на куче и дека ќе им лае на пријателите, но и дека ќе ги лижи и гризе исто како вистинско куче, пренесува Мирор.


Овој 37 годишен маж тврди дека од детството се чувствувал како куче и дека отсекогаш имал проблеми со комуницирање со луѓе. Дури после 15 години ја открива својата кучешка страна и купува одело за подобро да се вклопи во новиот начин на живот.

Каз работи како менаџер на една продавница и добил поддршка од една заедница на Интернет. Тие имаат широки погледи кон работите и го поддржуваат во неговата намера да стане “среќно куче полно со самодоверба”. Тој своето одело на куче го носи кога не е на работа, односно кога се шета на улица може да го забележите со маска, ланец и одело од речиси 2.000 евра. 1 / 4

“Не се чувствувам како човек, отсекогаш сум се чувствувал како куче кое не било на местото на кое требало да биде. Не знаев дали е можно да бидам куче, не верував дека сето ова е можно. Потоа запознав други луѓе кои поминуваат низ истата работа и оттогаш слободно можам да бидам она што навистина сум”, вели Каз.

Со пријателите се поздравува така што тој им приоѓа, го фаќаат за ланецот и го чешкаат по главата. Тој потоа лесно ги гризе, лижи и се умилкува со нив. Кога бил помлад, Интернетот го користел за да се поврзи со луѓе кои ги делат неговите мислења и ставови. Се прикрадувал од својата соба во раните утрински часови кога неговите родители спиеле и сурфал на Интернет разговарајќи со луѓе кои го разбираат.

“Се плашев дека луѓето ќе ме нарекуваат луд ако им кажам што се случува. Сега знам дека се плашеле од сите кучиња со кои се дружев. Поради тоа се чувствувам многу подобро”.

Translate »