Еуфорично во штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Готови се, водиме против власта!
Предмалку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше одржана првата прес-конференција по затворањето на избирачките места на претседателските избори во Македонија.
Пред насобраните функционери во партијата, но и бројните опозиционери, се обрати Игор Јанушев кој ја најави големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова.
„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, Гордана Сиљановска-Давкова е изборот на народот. Народот покажува дека секогаш е во право. Водиме во огромен број на избирачки места. Водиме против власта, против кандидатот на целата власт. Против народ не се може“, изјави Јанушев кој беше поздравен од аплаузи и громогласни скандирања.
„Од 43% од обработените избирачки места, водиме во Битола, Велес, Кичево, Кочани, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Штип, но и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода. Веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Вевчани, Лозово, Илинден, Радовиш и Ѓорче Петров“.
„Благодароност огромна до граѓаните за секој глас, за оние кои што злегоа и не излегоа на гласање. Имаше низа на прекршувања и притисоци на власта, но, сепак, имавме генерално мирен изборен ден. Вечерва стигнува правдата во Македонија, честитоста против неправдата. Победи Македонија против Северна“, порача Јанушев.