Нега на кожа: Водич за почетници
Дали сакаш сериозно да се грижиш за твојата кожа и долгорочно да инвестираш во неа? Следуваат неколку совети што ќе ти помогнат да го направиш тоа!
1. Користи го најдоброто за твојата кожа
Ако сакаш да ѝ овозможиш поголема нега на кожата, а не само основното чистење и хидрирање, најди целосна рутина за нега на кожата што одговара на нејзините проблеми. За ова можеби ќе ти треба консултација за нега на кожа, како и внимателно читање на декларациите на производите и пробување различни производи, додека не најдеш најдобрите за тебе. На пример, ако имаш сува кожа, избегнувај користење обични производи за чистење лице што може да ти ја исушат кожата!
2. Следи ја рутината двапати дневно
Најнапредните рутини за нега на кожа содржат различни активни
состојки што дејствуваат во текот на денот и ноќта. Ако ја следиш
рутината само еднаш дневно, нема да ги искористиш дополнителните
својства. Затоа следи ја двапати дневно, за да имаш прекрасна кожа!
3. Ноќна маска за кожа
Ноќната маска за кожа е совршениот додаток на твојата рутина,
особено во средина што може да ја исуши кожата, како климатизирана
средина и надворешниот воздух во зима. Ноќната маска NovAge Intense Skin
Recharge е научно создадена да помогне за повторно хидрирање на кожата
со моќни состојки како хијалуронска киселина, купуасу-путер и масло од
инка-инчи.
4. Неделна рутина Додај и неделна рутина за нега на кожа. Некои производи може да бидат прекрасни за твојата кожа, но не треба да се користат секојдневно. Пилинзите за кожа ги отстрануваат мртвите клетки, ги одзатнуваат порите и ја измазнуваат кожата, за таа да има поблескав тен.
5. Нега што ја зачувува младоста
Иако твојата кожа сè уште ја има задржано својата младешка еластичност, не е премногу рано да почнеш да користиш производи што ќе го спречат нејзиното стареење! Колку порано почнеш да користиш производи за зачувување на младешкиот изглед на кожата, толку подобро таа ќе изгледа во иднина.
6. Користи СПФ секој ден
Инвестирај во добар крем за сончање, за секојдневна употреба. Можеби мислиш дека не ти е потребен секој ден, но запомни дека УВ-зраците можат да пробијат низ облаците и да се одбијат од сјајни површини. Користењето СПФ-заштита е најдоброто што можеш да го направиш за да го одржиш мазниот изглед на кожата во иднина.