(ФОТО) СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА: Четири лица го загубиле животот на патот Ниш-Приштина

На патот Куршумлија – Прокупље во близина на селото Барлово во општина Куршумлија се случила страшна сообраќајна незгода. Околу 06:40 часот утрово се случила несреќата во која се  судриле автобус и камион со приколка. Српските власти соопштија дека во ужасниот судир, четири лица го загубиле животот, а шест од патниците во автобусот се потешко повредени.

На социјалната мрежа Твитер српските медиуми објавија слика на која се гледа како возилата се во пламен после судирот, а на патот настанал голем сообраќаен метеж.

Според првичните информации, настанал директен судир помеѓу автобус Nisekspress и камион со приколка. Автобусот возел кон Прокупље, и во еден момент се преминал на спротивната страна од коловозот и директно удрил во камионот.

Автобусот е целосно изгорен а внатре имало три целосно пеплосани тела – двајца патници и возачот на автобусот. Возачот на камионот, исто така, загинал во несреќата.

Според д-р Невена Вучковиќ од Куршумлијската болница, шест лица од патниците се посериозно повредени и се префрлени во болница во Прокупље. Инаку, според информациите од српската полиција во автобусот имало десет патници.

Твитер RTS Vesti

Translate »