Кои улици ќе бидат затворени, заради доаѓањето на папата
Граѓаните кои утре ќе ја следат литургијата на папата Фрањо на Плоштадот Македонија, ако врне не смеат да носат чадори, туку само кабаници.
Ако не врне, Папата со папамобил низ улица Македонија ќе пристигне до Плоштадот Македонија, каде веќе е направена и оградена патеката низ која ќе се движи .
Низ Скопје утре ќе биде воведена забрана за сообраќај не само низ центарот на градот, туку и на трасата која ќе ја минува папата Фрањо по пристигнувањето на Меѓународниот аеродром Скопје. Затворен за пациенти ќе биде и Клиничкиот центар, бидејќи низ улицата Водњанска Папата ќе минува за да стигне до претседателската вила на Водно, каде ќе има средба со државниот врв.
- Центарот на Скопје или Големиот ринг ќе биде затворен за сообраќај до 10 часот. За автомобили целосно ќе бидат затворени улиците 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски и улиците Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип Втори Македонски, Свети Климент Охридски и улицата Иљо Војвода.
ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ
ПРАВИЛА ЗА ПРИСУСТВО НА МИСАТА
- На литургијата на Плоштад Македонија може да присуствуваат само граѓаните кои ги зеле бесплатните влезници.
- Учесниците на мисата треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата.
- Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на Плоштадот. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед.
- Граѓаните кои ќе присуствуваат на литургијата со себе не смеат да носат експлозивни направи, запалки, петарди, факели, запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје. Забрането ќе биде внесување и на храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа, алкохол, чадори и знамиња.
- Ако врне, бидејќи нема да биде дозволено внесување чадори, треба да се носи мантил за дожд.
- Кога папата Фрањо ќе минува меѓу присутните, не е дозволено фрлање било какви предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.