Денес наполнете гориво за секој случај

loading...

Денеска до полноќ вoзачите во Македонија ќе имаат последна шанса да наполнат гориво по регулирани цена и да не ризикуваат во наредниот период од една седмица. Од 14 до 20 мај трговците со дизел и бензин ќе имаат можност сами да ја формираат цената поради „вакум просторот“ што настана откако претходниот претседате Ѓорѓе Иванов не го одобри Законот за енергетика и одби да го потпише указот.

Ова значи дека инпортерите од утре сами ќе ги утврдуваат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати, практично како на слободен пазар, иако од Регулаторната комисија за енергетика не очекуваат ценовни шокови и антиконкурентно здружување.

 „Ние веќе не можеме да определуваме цена за Окта поради тоа што според постоечкиот закон Окта треба да ни достави барање, но таа не ни доставува. Обврската веќе ѝ е завршена и имаме законски вакуум. Не ми се верува дека ќе биде штетно, бевме во комуникација со најголемите трговци и тие нѐ уверија дека нема да има никакви ценовни шокови. Цената ќе ја формираат согласно светските берзи, така што не треба да има проблеми додека не се донесе новата методологија“, изјави Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ

Translate »