Како бучавата влијае на здравјето на срцето?
Претходните истражувања веќе предупредуваа на штетноста на бучавата и гласната музика на слухот, а сега француските научници се запрашале како секојдневното, бучно урбано опкружување влијае на човечкото тело, особено на кардиоваскуларното здравје.
Во истражувањето учествувале 300 испитаници, меѓу кои била и репортерка за телевизискиот канал France 2. Анкетираните прво еден час седеле во мирен, тивок парк во Париз, а потоа еден час во бучен париски булевар. За тоа време е мерен нивниот пулс и притисок на секои 10 минути со помош на специјална нараквица.
Се покажало дека бучавата нема значително влијание врз крвниот притисок на испитаниците, но довела до забрзување на срцевиот ритам. Имено, кај новинарката е забележана разлика од дури 15 удари – во тивка околина нејзиниот пулс бил 60 отчукувања, додека бучавата го зголемила тој број на 75 отчукувања во минута.
Забрзаниот пулс претставува фактор ризик за настанување на кардиоваскуларни заболувања, и авторите на студијата предупредуваат дека на долг рок бучавата лошо влијание на кардиоваскуларното здравје.