Малите велешани од школата „Кирил Лазаров 7“ ја покажаа љубовта за ракометот

Тренингот на младите ракометари од школата „Кирил Лазаров 7“ во Велес покажа колку најмладите од овој град го сакаат ракометот. Тие ги усовршуваа ракометните вештини под водство на тренерот Злате Стојковски, а по крајот на тренингот секое од децата доби пакетче со новите млечни производи без лактоза на Алпско.

Покрај тоа што го организира ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, ракометната школа која го носи името на капитенот на македонската репрезентација повеќе години работи со децата кои го сакаат овој спорт во повеќе градови низ земјата. Она што ги спојува „КЛ7“ и Алпско е заедничката мисија да обезбедат подобар и поквалитетен живот за децата, со цел тие да се изградат во здрави и успешни индивидуи понатаму во животот.

Идеалната исхрана на младите, а посебно на оние кои се занимаваат со спорт, не смее да помине без млечни производи кои ги зацврстуваат коските и забите, даваат енергија и ги регенерираат мускулите. Но, понекогаш млечните производи знаат да предизвика мачнини, тегоби и подуеност кај лицата интолерантни на лактоза. Во таквите случаи, Lactalis MK го има решението – отсега покрај млекото без лактоза, во нивната понуда се и јогуртот и киселото млеко без лактоза, кои овозможуваат лесен ден без тегоби. Млечните производи без лактоза на Алпско се идеални за лицата интолерантни на лактоза, но и за сите они кои сакаат да уживаат во квалитетни прехранбени производи пријатни за стомакот и дигестивниот систем.

Млечните производи се клучни во развојот на децата поради големиот број придобивки и позитивни ефекти кои ги имаат на нив. Мисијата на Алпско е да ги едуцира и охрабри младите да посегнат по здрави производи што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје и ќе ги подготват за предизвиците кои следуваат. Истите вредности, на малку поразличен начин, сака да ги спроведе и ракометната школа „Кирил Лазаров 7“, па токму нивната соработка е толку долготрајна и успешна.

Translate »