Корисни совети за професионална нега на коса

Косата во зима бара многу повеќе нега бидејки времето го поминуваме во загреани простории кои ја сушат нашата кожа, но и коса. Несомнено косата е најсилниот адут на секоја жена! Негувана, сјајна и здрава коса влијае на самодовербата, на доброто расположение. А за да таа биде таква секако важно е да се користат квалитетни шампони, фарби и маски.

Е тука, секако е важно да добиеме препорака од професионални фризери, кои имаат големо искуство на работа со најразлични препарати и козметики. Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма и тоа е причина фризерите да ја користат професионалната козметиката ИМЕЛ. Таа дава сјај, волумен, интересни нијанси на фарби, кои се често и многу смели и откачени. Не ја оштетува косата, ниту пак коренот на влакното, напротив го храни и обновува. Во овој период од годината хит кај фризерите е сетот Imel Keratin Infusion, составен од шампон, маска и серум. Употребата на сетот овозможува ефикасно хидрирање и обновување на оштетената коса. Сетот содржи интензивни состојки за кондиционирање и хидролизиран кератин за поздрава, посилна и посјајна коса.

За да се осигураме дека косата ќе биде потполно ревитализирана, мека и со неверојатен сјај, неопходно е да се препуштиме на професионалните фризери кои ќе ни помогнат да одбереме соодветна нијанса на професионална фарба и соодветна нега на потребите на косата.

Едно е сигурно на долг рок, вашата коса ќе биде поубава и поздрава. А можете да добиете совет за некоја похрабра фризура и боја на косата!

Во продолжение и неколку ИМЕЛ совети за нега на косата:

1. Кога и да имате  можност, покријте ја главата кога излегувате надвор. Може да користите шал или капа, а идеално би било капатa да има сатенска или свилена постава.

2. Косата е подобро заштитена кога е собрана. Користете шноли и потрудете се и долните делови да ги вметнете во капут или јакна.

3. При користењето на некој од ИМЕЛ сетовите важно е да се користат шампонот, маската и серумот. Правилно е, паметно е и поефтино е.

 4. Еднаш неделно направете длабинско чистење на косата кератински шампон.

5. Скратете ги сувите, дехидрирани краеви бидејки веројатноста е поголема постојано да ви се закачуваат за околувратникот на јакната или капутот.

6. Потрудете се во просторијата каде престојувате да има овлажнувач на воздухот или ставете сад со вода на радијаторот или печката.

7. Доколку спаѓате во оние кои ни во зима не ја сушат косата со фен, внимавајте надвор да излегувате само ако косата ви е сосема сува. Деловите кои се малку влажни може да замрзнат и испукаат во тек на движење.

8. Четкањето на косата со четка од природни влакна го распоредува себумот кој кожата на главата нормално го лачи и тоа е одлично во борба против сувата коса.

9. Зголемете го внесот на течности и редовно вежбајте како сите хранливи материи би стигнале до кожата на главата и фоликулите.

www.hairstyle.mk

facebook/ hairstyle.mk

   instagram / hairstyle69mk

Translate »