Италија: Со коронавирус досега заразени 31 506 луѓе, 2503 починале
Италијанското Министерство за здравство вечерва го соопшти билансот од опасниот коронавирус од почетокот на епидемијата, од крајот на јануари до сега.
Досега се регистрирани 31 506 заболени, од кои 2503 починале, a 2941 се опоравиле. Во моментот 26 062 луѓе кои се позитивни на коронавирусот се наоѓаат во изолација, од нив 11 108 се во домашна изолација, хоспитализирани се 12 894 заболени, а 2060 се на интензивна нега( таму бројот се искачи на 31.506 бидејќи се рачунаат и починатите и излекувани).
Повеќе од половина од заразените се во Ломбардија. Таму има 2000 нови заболени. Вкупно има 1.640 смртни случаи со што бројот се искачи на 16.620 позитивни. Регионалниот советник за социјална благосостојба, Јулио Галера, на видео-конференција ги предупреди граѓаните да не излегуваат од дома.
„Ве проверуваме преку мобилните телефони, не ги напуштајте куќите тоа е апсолутно важно за да ја добиеме оваа битка“, рече Галера.
Пјаченца е на шесто место по број на заболени, после Бергамо, Бреша, Милано, Кремона и Лоди. А Емилиа Ромања е на прво место по број на заболени во регионот на Пјаченца каде во последното деноноќие има 50 починат, од кои 26 од Пјаченца.
Италијанските медиуми обајвија дека во план е да се отворат две мобилни болници во Милано со капацитет од 500 кревети за интензивно лекување и во Бреша за 200 кревети. Во Италија треба да пристигне и контингент со голема медицинска екипа составена од 300 лекари и медицински сестри.