Сингапурски универзитет-На 16 јуни коронавирусот ќе го снема во Македонија!
Коронавирусот од Македонија си оди 99 oтсто на 22 мај, а целосно на 16 јуни.
Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн ова го наведува во извештај за тоа кога епдиемијата со Ковид 19 ќе заврши.
Вирусот на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година.
Од коронавирусот најбрзо во регионот ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е 15 јуни. Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули.
Најдолго со Ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е наведен 7 октомври.
За Турција рокот кога вирусот ќе го снема е 30 јули, САД 9 септември, Русија 7 август, Ирска 19 септември, Финска 29 август, Шведска 26 септември.
Во Иран коронавирусот ќе го снема 100 отсто на 28 септември.
Во Австрија ќе заврши на 13 јуни, а во Швајцарија на 7 јули.
Брзо ќе го снема во Нигер, на 12 мај, а во Јордан на 22 мај.
Во Виетнам коронавирусот 100 отсто ќе го снема на 15 мај.
Во Нов Зеланд на 10 мај ќе го нема, а оваа земја веќе објави дека го победила вирусот.
Во Андора ќе го снема на 3 јуни, а во Луксембург на 5 јуни.