”Огнен водопад” – чудо на природата кое што ќе ве остави без здив
Секоја година илјадници посетители се собираат во Националниот парк Јосемити, за да присуствуваат на овој природен феномен.
Доколку Калифорнија е вашата идеална дестинација за посета, покрај неверојатните градови, плажи и недалеку од популарниот Холивуд, би било добро да го посетите и Националниот парк Јосемити.
Паркот се наоѓа во планинскиот венец Сиера Невада и е еден од најпосетуваните места, а воедно и дом на необичен природен феномен со име ”огнен водопад” – „Horsetail“.
Тоа е водопад кој што се појавува повремено, кога врне дожд или пак кога се топи снегот на Ел Капитан – огромната карпа која што е висока еден километар.Shakthi Vadakkepat✔@v_shakthi
A magical time of year is coming in February- a chance to see a natural #firefall at #horsetailfall in #Yosemite
5Twitter Ads info and privacySee Shakthi Vadakkepat’s other Tweets
Секој ден во периодот околу Денот на вљубените, сончевите зраци паѓаат на водопадот под таков агол што се одбиваат од него, давајќи ѝ на водата впечатливо црвенкаста боја, што создава илузија како оган или пак лава која што тече.
Овој природен феномен трае околу две седмици.
Минатата година, околу 2.000 луѓе се собрале во Националниот парк за да го набљудуваат природниот феномен.