Видео-како се тестира за Ковид 19 на граница со Грција

loading...

Пандемијата коронавирус сè уште беснее во светот, а граѓаните полека се навикнуваат на новата ”нормалност” – од почитување на протоколи до зголемена лична хигиена и често миење на рацете.

Поради зголемениот број на заразени луѓе од Ковид-19, како што знаеме Грција ги затвори границите за македонските граѓани најмалку до 15-ти јули, а од денеска границата е затворена и за нашиот северен сосед Србија поради влошената состојба со Ковид-19.

Имено, во некои делови од соседна Србија на сила се вратени и рестриктивните мерки со цел спречување на ширење на Ковид-19.

Како што наведуваат грчките власти, голем број од српските туристи биле регистрирани позитивни на вирусот на грчката граница.

Грчките власти наведоа дека ќе прават тестови на случајно избрани туристи.

Како изгледа тоа погледнете во видеото: 

Translate »