Кои се најпосакуваните брендови во категоријата безалкохолни пијалоци во регионот?

Цедевита е сè уште омилен бренд за сите генерации, што потврдува и најновото истражување на реномираната агенција IPSOS. Истражувањето беше спроведено оваа година во март и април преку онлајн-прашалник, а учествуваа три земји (Хрватска, Словенија, Србија) на вкупен примерок од дури 2.400 испитаници, во категоријата безалкохолни пијалоци.

Резултатите покажаа дека во Хрватска, втора година по ред, Цедевита е најпосакуваниот бренд во категоријата безалкохолни пијалоци што потрошувачите би им го препорачале на другите, а како регионален бренд со локална традиција, се наоѓа пред глобалниот мултинационален гигант Кока Кола. Потрошувачите ја оценуваат Цедевита како квалитетен и сигурен бренд кој со препознатливата комуникациска платформа “Вкусот на Генерацијата ЦЕ“ дополнително ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот.

Во Словенија, оваа година Цедевита ја презеде водечката позиција од словенечкиот бренд Фруктал, кој го зазеде второто место, додека Кока Кола се најде на третото место. На словенечкиот пазар, Цедевита се истакна на како прв избор за освежување меѓу потрошувачите од сите генерации. Исто така, таа е препозната како омилен производ што со задоволство се споделува со другите. Истражувањето ја потврди и ефикасноста на комуникацијата на Цедевита на овој пазар, која доби бројни позитивни реакции.

На српскиот пазар, Цедевита го зазеде второто место, позади Кока Кола, а за овој резултат секако придонесе големата стапка на пожелност кај потрошувачите кои ја препознаваат Цедевита како автентичен бренд.

Кокта е уште еден бренд на Атлантик Група што може да се пофали со позиција во првите пет најпосакувани брендови на хрватскиот и словенечкиот пазар.

Со позитивни резултати од истражувањето, Цедевита е еден од ретките брендови што успешно одржува задоволителни резултати од продажба во изминатите месеци, но и оптимизам низ целиот регион:

„За време на пандемијата, Цедевита се покажа како идеално решение за оптимален внес на потребните витамини. Со гордост можеме да кажеме дека потрошувачите се свртеа кон локалниот бренд, кој преку брза комуникациска реакција и развој на слоганот #останиЦЕ, го поттикна оптимизмот и ширењето на позитивна енергија. И покрај извонредната состојба, Цедевита продолжи да работи напорно и успешно започна иновација која неодамна можете да ја најдете на полиците во продавниците: новото пакување на Цедевита наменето за конзумација во движење. Со модернизиран изглед и уникатен механизам за отворање, Цедевита им нуди на потрошувачите целосна функционалност со 9 витамини како дел од свежо подготвен пијалок, без разлика каде се наоѓате”, изјави Јелена Јеленц, директор за маркетинг на Стратешката деловна област за пијалоци на Атлантик Група.

Translate »