Научниците со неверојатно откритие: Оваа течност го спречува ширењето на Ковид-19?

Оваа теза била докажана со помош на експеримент кој што го спровеле виролозите од Рур Универзитетот во Бохум, во соработка со колегите од Бремен и Нинберг.

Новото истражување покажало дека Ковид-19 може да биде деактивиран со употреба за течност за уста.

Резултатите од истражувањето ги пренел „Sciencedaily“, а научниците велат дека високата концентрација на вирусот кој што вообичаено се наоѓа во грлото и забите на заразените луѓе, може да се намали со употреба на течност за миење на устата и со тоа воедно да се намали ризикот инфицираната личност да го пренесе вирусот на некој друг.

Во истражувањето биле користени осум различни течности кои што научниците ги помешале со честички од вирусот.

Со таквата течност имитирале гргарење во устата кое што се случува во текот на употреба на таква течност за уста.

Секоја од осумте различни течности ефикасно го намалила бројот на присутноста на вирусот, а три од нив таа работа ја направиле за само 30 секунди.

Меѓутоа, неучниците напомнале дека потребно е да се направат дополнителни проверки и тестови за ова сознание дефинитивно да се потврди.

Translate »