Британските научници со предупредување: „Луѓето премногу се опуштија, но…“

Двајца британски научници, членови на државното советодавно тело за вонредни ситуации, издале предупредување по повод порастот на новозаразени од Ковид-19 во Велика Британија.

Професорот Џон Едмундс изјавил дека бројот на новите случаи „експоненцијално се зголемува“, додека пак професорот Џонатан ван Там, предупредил дека луѓето „премногу се опуштиле“ и мора повторно сериозно да се однесуваат кон ризиците кои што се исправени пред нас и кои што ги носи Ковид-19 со себе, пренесува „Би-би-си“.

Во Велика Британија во последните 24 часа регистрирани се 2.988 случаи на Ковид-19, а тоа е најголем број на регистрирани случаи од 22 мај наваму.

Професорот Едмундс вели дека Ковид-19 има изразена способност да се шири, па поради тоа Велика Британија влегла во „ризичен период“.

„Епидемијата повторно се забрзува, а ние сè уште не сме во позиција да ја контролираме и да дозволиме нормализација на сите економски активности“ – предупредил Едмундс.

Translate »