Протече снимка од „драматичниот“ разговор меѓу Новак и челниците на УС Опен: „Немаме избор, мора да те дисквалификуваме“

Како што веќе знаеме, најдобриот тенисер на светот – Новак Ѓоковиќ, поради тоа што во финишот на првиот сет на осмина финалето против Шпанецот, случајно со топче удри еден од линиските судии, беше дисквалификуван од УС Опен.

Линиската судијќа несакајќи беше погодена со тениско топче од страна на Ноле, по што падна на земјата и почна да испушта крици, а Новак веднаш истрча кон неа за да ѝ помогне.

Со судијката сè беше во ред, но тој факт не помогнал најдобриот тенисер на светот да се извлече од непријатната ситуација.

По долгата расправа меѓу челниците на турнирот, донесена беше одлука која ги изненади сите – дисквалификација на Ноле од турнирот.

На социјалните мрежи се појави и снимка од драматичниот состанок на Новак со челниците на турнирот, во центарот на теренот.

Србинот „ги молел“ да му дадат поблага казна, но попусто. По само неколку минути, му соопштиле дека е дисквалификуван.

Во тој момент се слуша одговорот на најдобриот тенисер на светот:

„Но, само пред неколку минути кажавте нешто друго“.

Следел одговор од супервизорите:

„Мораме да те дисквалификуваме, немаме избор, затоа што судијката, веднаш по ударот ја однесоа во болница“.

Разочараниот Ноле, одговорил:

„Таа не мора да оди во болница поради ова. Што бирате вие во оваа ситуација? Мојата кариера, Грен слем, централен терен…“.

Погледнете го видеото од разговорот:

Translate »