Велат,… ако имате Врба во дворот, имате СЕ!

loading...

Велат,… ако имате Врба во дворот, имате СЕ. Таа е украсот, главниот декор и елегантниот домаќин на на градината.

Salix babylonica е листопадно дрво кое припаѓа на семејството Salicaceae. Потеклото се поврзува со Кина, но и некои делови од Европа, Азија, Северна Америка и целата северна хемисвера.Богатата крошна и лелеавост на гранките се типични и особено впечатливи за секој љубител на природната естетика.

Врбата е една од најбрзорастечките растенија во светот. Висината која може да достигне и до 3м годишно и ја дава грациозноста. Врбата е идеален вид за формирање впечатливи дрвореди и зелени појаси. Може да ја забележите во малите и во пространите градини.

Дури само една врба во дворот го збогатува земјениот простор со раскош.Растение кое е самоодржливо и кое бара внимание само во првата година. Забележлива е покрај реките и по ридсите предели.

Може да се сади на сончеви позиции или позиции во полусенка. Во саксии или директно во почва.Вашата градина ќе биде комплетна ако некаде со сета убавина ве пресретнува една прекрасна врба.

Translate »