Есенскиот бран на Kовид 19, коси: Се намалува медицинскиот кадар, болниците се полнат

Есенскиот бран на новозаразени ги оптерети државните болници и лаборатоМинистерот за здравство убедува дека од понеделник ќе се пуштат повеќе термини за тестирање.

-Ќе обезбедиме дополнителен број на термини преку системот Мој термин, тоа е нешто што сега се работи за време на викендов и се обидуваме да на што побрз начин стигнеме до брзите тестови. Еден дел од постапката е веќе завршен сега следува втората фаза така што верувам дека тоа значајно ќе го олесни пристапот до тестовите, изјави Филипче.

Тројца здравствени работници од Клиниката за гинекологија имаат Ковид 19 и во моментот се на домашно лекување. Двајца лекари и 6 сестри од струмичката болница кои имаа позитивни тестови се опоравуваат и наскоро треба да се вратат на работните места.

-Секако и друг кадар ќе работи со овие пациенти. Еве во европски држави препраќаат пациенти од една во друга држава за да бидат згрижени, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.

Филипче денеска рече дека насекаде во Европа се праќаат пациенти од една во друга држава. И Македонија се спрема за такво сценарио, но Филипче се надева дека до тоа нема да да дојде.

-Доколку дојде ситуација да е потребно да се ангажира уште поголем број на медицински лица, апсолутно дека ќе се пренаменат и другите болнички капацитети од интернистички одделенија.  Во болниците Битола, Прилеп и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистички одделенија. Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со ковид-19. Можно е да има период кога целокупниот останат програм ќе да се намали со цел целиот кадар да се посвети на лекување на пациентите со ковид-19.  Насекаде во Европа дури и разменуваат и праќаат пациенти од една во друга држава. Се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме, рече Филипче.

Македонија веќе неколку дена по ред бележи нови рекорди во статистиките за епидемијата. Скопје и Аеродром и натаму се лидери.

Вчера вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

Translate »