Скорпија- Најголемата тајна во хороскопот

 

    Скорпија

  • Елемент: Вода
  • Поларитет: Негативен
  • Омилени бои : Темно црвена, црна
  • Чувствителни делови на телото: Половите органи 
  • Двојник во кинескиот: Свиња
  • Владеачка планета: Плутон, Марс
  • Куќа: Осма
  • Спротивен знак: Бик
  • Амајлија: Опал
  • Период:  23. октомври  – 21. ноември 

 

 

Скорпија- личност и карактер
Полни со страст, продорни и решителни! Ќе истражуваат до крај,  се додека не дојдат до вистината. Можеби не покажуваат многу  емоции, но бидете сигурни дека под површината врие. Одлични лидери, секогаш се свесни за ситуацијата и неверојатно се снаодливи.Скорпијата е воден знак. Како  рибата и ракот, таа силно доживува емоции, но за разлика од нив, не ги искажува. Скорпијата нема да ги издаде вашите тајни, какви и да се.Плутон е планета на транформацијата и промените и владее со овој знак. Скорпиите ќе ги препознаете по решителната и мистериозна појава. Често за луѓето од овој знак велат дека се жестоки, најверојатно бидејќи одлично ги познаваат правилата на универзумот. Скорпиите многу често изгледаат постари отколку што се.Репродуктивниот систем е важен за овој  знак. Скорпиите се поврзани со сексот, страста и желбата и затоа мора многу да внимаваат на овој дел од телото за да го сочуваат здравјето и силата. Со одлучност и силна волја тие се во состојба да ја сменат својата здравствена состојба. Ако е предизвикана, скорпијата прави проблеми. Мразат лаги и неискреност, па затоа можат да бидат исклучително љубоморни и неповерливи. Храбри се,  и затоа имаат многу пријатели. Кога би се потрудиле да не бидат толку таинствени и да се отворат кон другите,  би ги  зацврстиле односите со пријателите.Скорпија –  љубов и секс 

Скорпијата е најсензуалниот знак во хороскопот. Полна со страст, интимноста ја сфаќа сериозно.  Од партнерот бара интелигенција и почитување. Поголемиот дел од предиграта најчесто се одвива  надвор од спалната, преку разговор и набљудување. Кога еднаш ќе се заљуби, скорпијата е посветена и верна. Во сериозни врски влегуваат претпазливо и им треба долго време за да стекнат доверба во партнерот.
Скорпија -пријателство и семејство
Искрени и праведни, такви се скорпиите. Им треба повеќе време за да воспостават вистинска пријателска врска, но кога тоа ќе се случи тогаш ќе ви бидат лојални и посветени. Бидејќи се интелигенти и брзи во муабетот, ќе им биде супер во друштва кои се духовити и интересни. Полни се со изненадувања, но ако  ги изневерите,  тогаш нема враќање.
Скорпија – кариера и пари
“Јас сакам” тоа е клучна реченица за оние кои се родени во овој знак. Фанатастични се во управувањето, одлучувањето и креирањето. Кога скорпијата си поставува цел, нема отстапување! Добри менаџери се и не се спријателуваат на работното место, поважно им е да се сработи работата.
Професии за скорпијата се: лекар, научник, истражувач, детектив, полицаец, менаџер, психолог.Парите им се важни бидејќи им даваат чувство на сигурност и контрола. Добри особини: тврдоглави, снаодливи, храбри. Слабости: љубоморни, неповерливи, таинствени, насилни, зајадливи.
Харизматични особиниИнтензивен поглед во очитеСкорпиите сакаат Вистина, факти, да бидат во право, да се закачаат, долгогодишни пријателства, големи страсти, достојни противнициСкорпиите не сакаатНеискреност, пасивни луѓе, откривање тајни

Translate »