За 72 часа можеме да ја потопиме целата кинеска флота: Оваа жена би можела да биде на чело на Пентагон, а веќе упати закана до Кина!
Мишел Флорној би можела да биде назначена за прв човек на Пентагон, а веќе се истакна со своите „воинствени“ изјави на сметка на Кина.
Како што пренесуваат американските медиуми, Флорној изјавила дека американската воена морнарица во Јужнокинеското море би можела да ја уништи целата кинеска флота во рок од 72 часа.
„Доколку американската војска ја потопи целокупната кинеска флота и подморници, како и трговските бродови во Јужнокинеското море во рок од 72 часа, кинеските лидери ќе мора да размислат два пати пред, на пример, да направат инвазија на Тајван. Треба да се запрашаат дали е вредно да ја изложуваат на ризик целата флота“, напиша Флорној во “Foreign Affairs” во јуни.
Мишел Флорној веќе е добро позната во американската армија. До пред четири години беше заменик министерка за одбрана за политички прашања во администрацијата на Барак Обама, а сега бројни аналитичари сметаат дека е една од главните кандидати за прв човек на Пентагон.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1327904830522703872&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F360040%2Fza-72-casa-mozeme-da-ja-potopime-celata-kineska-flota-ovaa-zena-bi-mozela-da-bide-na-celo-na-pentagon-a-veke-upati-zakana-do-kina&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Кинеските медиуми реагираа и порачаа дека „нејзините закани за акција во Јужнокинеското море се недозволиви“.
Флорној меѓу другото ја истакнува и потребата за иновации, посебно во доменот на вештачката интелигенција кога станува збор за сајбер и против-воздушната одбрана.
„Соединетите Американски Држави мора да спречат било каков кинески обид за агресија, така да кинеските лидери мора да сфатат дека таквите потези не се во нивен интерес“, порача Флорној.