Ќучук: Бугарија прави грешка од фундаментален карактер, мешајќи ги договорите од Преспа и оној за добрососедство

Само идеолошки, историски и од политички аспект постојат ѕидовите, кои инаку не треба да постојат помеѓу земјите соседи. За надминување на бариерите и правењето пробиви во ѕидовите треба да работат двете страни, посочи бугарскиот европратеник и известувачот на Европскиот парламеннт за С.Македонија, Илхан Ќучук.

„Од една страна, таков план подготвува бугарската Влада, а од друга – Владата на Република Северна Македонија“, вели европратеникот за една бугарска телевизија.

Исто така, Ќучук се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

„Разговор без историја не е можен. Во исто време, патот на реформите во Северна Македонија мора да продолжи, но не смее да го попречуваат тешки историски спорови. Заедничката историска комисија, чија цел е да реши многу прашања што се релевантни, мора да ја продолжи својата работа. Но, политичарите не смеат да го избегнуваат ова прашање, оставајќи го во рацете на историчарите, без оглед колку се компетентни“, истакна европратеникот.

Тој има визија дека Бугарија прави грешка од фундаментален карактер, мешајќи ги договорите, односно тој со Грција од Преспа, и оној за добрососедство со Бугарија.

„Додека Преспанскиот договор става крај на спорот со поделба на историски факти и личности, буквално велејќи дека Република Северна Македонија нема никаква врска со античка Македонија, нашето прашање е многу покомплицирано. Тој го воведува терминот „заедничка“, кој поставува „други важни прашања за нашата заедничка иднина, кои неизбежно мора да бидат поврзани со ЕУ. Две толку блиски земји – Бугарија и Северна Македонија – можат да ги решат сите покренати прашања. Но, излегува дека колку сме поблиску, толку сме подалечни“, заклучи Илхам Ќучук.

Translate »