Нешто ново на пазарот: Barcaffè Perfetto Irish Cream

loading...

Што ја прави една шолја кафе совршена? Како прво, идеалната количина на кафе и како второ, неговиот вкус и моќта да ги разбуди сетилата уште по првата голтка. Barcaffè ја откри оваа формула и ја направи достапна секому – преку капсулите Barcaffe Perfetto, кое ќе ви понудат врвно уживање секогаш кога ќе посакате! А отсега, понудата на вкусови се проширува и со Perfetto Macchiato Irish Cream, наменет за сите љубители на ароматично и пенасто кафе.

Велат дека за вкусовите не се дискутира – но вкусовите на кафе се и те како вредни за дискусија. Со повеќе од 50 години искуство, Barcaffè знае како да го задоволи вкусот на сечие домаќинство во регионот, нудејќи по нешто за секого. А како што капсулите Perfetto стануваа сè попопуларни, се создаде и потреба за уште повеќе вкусови.

Ви го претставуваме најновиот производ на Barcaffè, Perfetto Macchiato Irish Cream! Млечно-кафениот вкус, совршен за сладокусците и за оние кои сакаат кафе со карактер, ќе ве понесе кон ново ниво на задоволство, а неодоливата арома ќе ви даде нова доза енергија и ентузијазам, со што ќе ве подготви за сите дневни предизвици. Ако уживате во убавите работи во животот, тогаш ова е вашиот нов омилен вкус. Внимателно избраните зрна сортно квалитетно кафе кои доаѓаат од плодните плантажи во Јужна Америка се преработуваат под строг надзор и контрола на врвни професионалци, кои се таму да се уверат дека до вас, потрошувачите, секогаш ќе стигне само најдобриот можен финален производ.

Barcaffe Perfeto Macchiato Irish Cream совршено се вклопува во разноврсното портфолиот на вкусови, заедно со веќе познатото Perfetto Espresso, Perfetto Cappuccino и Perfetto Caffe Latte. Модерниот дизајн на капсулите ја одржува свежината на кафето, а притоа е неверојатно едноставна за употреба и пружа квалитетна екстракција на кафе и е компатибилен со сите Dolce Gusto апарати.

Колку е убав секој ден започнат со совршената шолја кафе? А колку е подобро кога тој ќе продолжи со омилениот вкус на кафе? Отсега, нема повеќе компромис – најквалитетното и највкусно кафе секогаш ќе биде тука кога ќе ви притреба, само со Barcaffè Perfetto! Побрзајте и пробајте го новиот вкус Perfetto Irish Cream, за да почувствувате вистинско кремасто и пенасто задоволство.

Translate »