1. Како прво, треба да утврдите чија е жената што плаче. Ако таа веќе е нечија, тогаш е опасно да ја тешите. Ако е ничија – можете да си ја земете за себе. Ако жената и натаму плаче, тогаш е совршено јасно дека плаче од среќа.
2. Ако плаче вашата жена , тогаш ниту во еден случај не ја оставајте сама, бидејќи можат да мислат дека е ничија. Бидете максимално внимателни кон неа. Оддалечете се од неа, каде што нема да и го слушате гласот, но не ја испуштајте од вид, по потреба користете двоглед.
3. Има неколку прашања кои никако не смеете да ги поставувавте на жената што плаче: “Што сакаш ти од мене ?”, “Кој е виновен?”, “Што можам да направам?” Одговорот на првото прашање ќе ви го погоди паричникот, а другите две ќе ви ја уништат самодовербата.
4. За да одговорите на женските солзи, нема потреба да бегате, спасувате или да казнувате некого. Затоа што ќе излезе дека или сте требале да бегате на друга страна или дека сте требале да спасувате и казнувате некој друг.
5. На расплакана жена не ѝ се даваат подароци! Тоа е лоша, многу лоша практика. Подобро подадете и палома. Запомнете, подароци се даваат само кога жената е среќна. Така се создава корисен условен рефлекс и пријатно чувство.
6. Ако сте ги следеле инструкцииве, а жената продолжува да плаче и не оди кај друг, тогаш тоа значи дека токму вие треба да ја утешите. Покажете ѝ го своето тажно и заинтересирано лице. За ова, потребно е да се остави двогледот на страна, и да ѝ се доближите.
7. Не е потребно да се внесувате длабоко во она поради што плаче жената. Најважно е да се воздивнува во паузи и нежно да ја прегрнете.
8. Полн погодок е , во вистинско време да ви потече солза низ небричениот образ. Во такви моменти, жените забораваат на нивните проблеми и автоматски почнуваат вас да ве тешат.