(Видео) Ужас во емисија во живо – водителка доживеала мозочен удар!
Водителка на локална телевизија во Оклахома доживеала мозочен удар во пренос во живо, додека известувала за откажаното лансирање на ракетата на НАСА минатиот викенд.
Џули Чин итно била пренесена во болница откако доживеала мозочен удар во студиото.
Џули зборувала за откажувањето на лансирањето на ракетата кога одеднаш почнала да трепка и да ги повторува зборовите кои ги читала.
Во еден момент им се извинила на гледачите и кажала дека не се чувствува добро, а потоа камерата била насочена кон презентерката за временска прогноза и Џули до крајот на програмата не се вратила во студиото.
Во болница било потврдено дека доживеала почеток на мозочен удар, а сега таа се огласила и кажала кои симптоми ги почувствувала.
„Жал ми е што гледачите од прва рака можеа да го видат нападот којшто дојде од никаде затоа што се чувствував одлично пред почетокот на емисијата. Но, кога почна преносот одеднаш делумно го изгубив видот на едното око. Неколку минути подоцна почна да ми трпне дланката, па целата рака. Знаев дека сериозно сум во неволја кога одеднаш не можев да кажам ниту еден збор“, изјавила Џули.
„За среќа моите колеги ги препознаа симптомите на мозочен удар и ме однесоа во Брза помош. Во болница ми направија низа тестови и анализи и докторите мислат дека сум имала почеток на мозочен удар. И натаму имам многу прашања и овој пат не е завршен, но би требало целосно да закрепнам“, изјавила Џули.