Guardian го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа. Дестинација каде се будат сите сетила!
Доколку ги искористивте своите денови од одмор, а сеуште ви се шета, не заборавајте дека и во нашата држава има прекрасни места кои само чекаат да ги откриете. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични кои едноставно пленат со својата убавина!
Дали знаете дека реномираниот Guardian го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање. Едно од анјубавите места за посета во текот на викендот.
На само 15 км од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за престој во природа, за релаксација и уживање. Ова место крие таинствен свет со високи карпи, чудесни пештери, разни ендемски видови дневни и ноќни пеперутки, лековити води и растенија. Може да се вози кајак или чамец по тесниот кањон, а од двете страни воодушевува прекрасната глетка со стрмните издигнати карпи.
А кога ќе се изморите и изгладнете тука е ресторанот и хотел Кањон Матка кој нуди една опуштена атмосфера и одлична храна, далеку од градскиот метеж со прекрасна тераса и глетка која плени со својата убавина. Не е случајно што е омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова прекрасно место.
Затоа, опуштете се, оставете се’ како што ви е дома и овој викенд тргнете на кратка авантура.
Кањон Матка! Ви се допаѓа идејата? Тргнуваме!