Двајца ентузијасти ќе направат Скопје да дише со уметност по примерот на светските метропoли

АРТ Симпозиум С’Копје  што ќе се одржи во Скопје во кафеаната Пелистер ќе биде вистинско уживање за љубителите на уметноста. Уметниците од целиот свет кои ќе творат, граѓаните ќе може да ги видат доколку дојдат во центарот на градот на градскипот плоштад. Идејата која беше смислена од двајца уметници -ентузијасти Игор Љубовчевски-Љубац и  Гордана Винчиќ прерасна во сериозен културен настан, каде се вклучија неколку интиституции, поединци и компании: Националната галерија на Македонија,Археолошкиот музеј на Македонија, Центарот за промоција на култура и туризам , АУРИС,Благица Волчевска, Ројал Арт и Горан Јоанов , Бовин,АТАМИ и Милена Атанасова, Модната дизајнерка Сара Реџиќ, писателот Драган Таневски, фризерско студио Диенси и други.
Приказните дека луѓето во нашата земја не се интересираат за уметност не е точна, секаде каде се обративме за помош ни ги отворија вратите. Морам да ги споменам грѓаните кои ги среќававме, кога ќе забележеа дека носиме штафелаи или други работи потребни за настанот, несебично ни помагаа и затоа сакам да изразам благодарност до тие незнајни случајни минувачи, вели Игор -Љубац организаторот на настанот.
Уметниците ќе творат  внатре во ресторанот, и ќе бидат достапни од утро до вечер. Не одредивме време од толку до толку зошто уметниците се посебна категорија на луѓе не можеш да ги ставаш во рамка . Јас и Љубац ќе бидеме постојано таму за повеќе инфо ќе може да не бараат на телефон вели Годрана Винчиќ:
078 265682
070921 548

АРТ Симпозиум С’Копје претставува нов вид на форум, каде што локалните уметници ќе можат да се истакнат и во една отворена дружба да разменат искуства како со своите колеги, така и со уметници од целиот свет.

„Идејата за организирање на ”АРТ Симпозиум С’копје” се роди од желбата и потребата за еден нов вид на форум каде што нашиот главен град Скопје, ќе може да „дише“ со уметност.“  –  велат ораганизаторите.

Форумот е од отворен тип и овозможува непосреден контакт со сите оние кои се заинтересирани или љубители на уметноста. Младите кои се заинтересирани да дознаат нешто повеке за уметничкиот свет се добродојдени, исто така.

Симпозиумот ќе биде одржан од 26.02 до 04.03.2018 во Градската кафеана -Пелистер.

Како еден важен дел од настанот на 3 Март ќе се реализира и Мултимедијална интернационална изложба на која ке бидат претставени сите дела, творени во периодот од страна на странските учесници и донираните дела од локалните уметници.

Hedley Wiggan извонреден уметник од Велика Британија е еден од учесниците на симпозиумот!

Организатори на симпозиумот се: Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски-Љубац во соработка со Центарот за промоција на култура и туризам. Од гостувањето на МТВ:

Translate »