„Време e да се делува“ главна тема на глобалниот Woman’s Forum  кој ќе се одржи во Париз

На 29 и 30 ноември оваа година во Париз ќе се одржи Глобалниот состанок на Woman’s Forum – настан кој ги обединува женските гласови и перспективи со цел да поттикне дискусија за клучните прашања во пост-пандемскиот свет, како што се економските можности, климатските кризи и меѓународните воени конфликти.

Со наслов „Време е да се делува“, оваа година Women’s Forum ќе обедини над 175 светски лидери и лидерки a ќе го отвори Anne-Gabrielle Heilbronner член на управниот одбор на Publicis Groupe.

Пандемијата предизвикана од Ковид 19, се почестите закани за сексуалните и репродуктивните права на жените, порастот на воените судири уште повеќе ја истакна важноста да се дискутира за проблемите на жените и девојките и нивната родова еднаквост.

Woman’s Forum е платформа на Publicis Groupe формирана со цел за трансформирање на гласот на жените во напредни економски и политички иницијативи и поттикнување општествени промени. Од нејзиното оформување во 2005 година, Форумот одржува годишни конференции на кои претседатели и претседателки на управни одбори на големи интернационални компании, политичари и политичарки, лидери и лидерки од различни области ги истакнуваат своите ставови за социјалните и економските промени, со цел подобрување на реалната ситуација во светот.

„Општествената одговорност треба да се живее секој ден, бидејќи таа е економски модел кој ја претставува визијата за иднината. Токму затоа и Публицис решава да ја искористи својата платформа и своето влијание за да отвори дискусија за некои од темите кои сметаме дека е важно да се истакнат. Париз ќе биде домаќин на некои од најважните и најмоќни женски гласови во светот, во рамките на Women’s Forum Global Meeting, а ние сме многу возбудени за неговиот почеток“, вели Александра Дилевска, Главен извршен директор на Публицис за Македонија и Хрватска.

Оваа иницијатива на Publicis Groupe доаѓа како резултат на силната верба во женскиот глас и од потребата тој да биде чуен. Иницијативата и долгата традиција на Woman’s Forum е уште една потврда на заложбата на Publicis Groupe кон еднаквост, едукација и обезбедување на подобри услови за живот на сите страни од светот
Настанот ќе се одржи во Париз, а за медиумите и вработените во Publicis Groupe ќе биде пренесуван и онлајн, преку Marcel – интерна платформа на Publicis Groupе.
Дознајте повеќе на http://www.womens-forum.com/.

Translate »