Света Петка – Заштитничка од несреќи и болести

Денеска е Преподобна Параскева-Петковден, во народот позната како света Петка.

Од календарот на МПЦ:

Оваа славна светителка е родена  во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле  богати и благочестиви христијани, а освен Петка имале  и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напуштила родителскиот дом и отишла  најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде останала до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јавил ангел Божји и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратил  во Епиват. Тука таа поживеала уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предала својот дух на Бога. Се упокоила во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

 

Translate »