Брачна двојка заработува со секс во “живо” -Летуваме на Малдивите, купивме два автомобила!

loading...

Како да се дојде до евро плус во домашниот буџет? Српски медиуми  ја објави сторијата на брачна двојка од Белград, која се впуштила во невообичаен бизнис за балкански услови. Заработката, велат,  е одлична . Си купиле два автомобила, летуваат на Малдивите, зимуваат во Швајцарија , а плаќаат и  за патувањата на нивниот син и неговата девојка.

Весникот ја открива нивната тајна, тие се снимаат додека имаат секс ,а  тоа во живо го емитуваат на сајт за возрасни.  Во бизнисот се вклучиле преку едни пријатели,  кои веќе се занимавале со тоа, а пресуден фактор биле парите.

 

” Идејата некој да не гледа додека водиме љубов , во мене, прво, предизвикуваше  бес, но уште повеќе ме разбеснуваше што не можев да си дозволам децата да ги однесам на летување. Пред да се одлучиме да се впуштиме во работава, многу размислувавме и разговаравме и  на крај , пресековме. Парите пресудија, тие проклети пари. И порано се живееше, но не вака добро и опуштено” , вели сопругот за Блиц.Во почеток не им било лесно да бидат интимни пред окото на камерата, притоа знаејќи дека имаат публика која го следи секое нивно движење. Но, со тек на времето, се опуштиле и почнале да уживаат во сексот .

” Се што ви треба е камера на компјутерот. Има многу луѓе кои сакаат да гледаат брачни двојки како го прават тоа. Во почеток, се снимавме еднаш до двапати месечно, но не беше добро,  бевме стегнати. Се плашевме дека нашето семејство, блиските ќе дознаат… Но, од друга страна , сите сакаат секс, нели?” , вели сопругот.

 

“Порано имав чувство дека ја продавам сопругата на  тие мажи што не гледаат. Но, знаете, јас тие луѓе не ги гледам, а токму  тие ни носат пари.И кога парите  ќе почнат да доаѓаат, блокадата во мозокот исчезнува. На крај, сето тоа почна и да ни се допаѓа. Имавме и неколку неверојатни ситуации, со уште една жена и маж. Тие ни се пријатели” , раскажува мажот.

 

И неговата сопруга се согласува дека овој бизнис им донел позитивни промени во животот, финасиски , но и сексуални.

“Јас го правам ” тоа ” со мојот сопруг. Го сакам, го познавам , а ако нешто дополнително “капне” , тогаш  -супер. Со време, научив да се исклучам, да мислам само на себе и на него. Финасиите никогаш не ни биле подобри. Два нови автомобила, летувања, зимувања, ново купатило” , вели сопругата.

Во брак се веќе 20 години и имаат три деца. Нивните пријатели и децата не знаат за оваа тајна . Во јавноста функционираат како обична брачна двојка. Не се плашат дека некој ќе дознае, бидејќи веб страницата на која се објавуваат нивните снимки е недостапна во Србија.  Кој сака да гледа, треба да плати 15 долари, а објаснија дека е  многу едноставно да се регистрираш. Ја споредија целата процедура со отворање на e-mail.

“Ќе пронајдеш сајт, ќе се пријавиш, ќе платиш одредена цена за регистрација и можеш да се снимаш. Се разбира дека морате да имате веб камера, но друга опрема не ви е потребна. Вложувањата се минимални , а добивката е максимална.  Најважно ни е што содржината не може да се гледа во Србија. Парите ни влегуваат на девизната сметка, а во пријавата за сајтот моравме  да ги дадеме речиси сите информации за нас”, објаснуваат мажот и жената.

Translate »