Постојат дела што не ги гледаме само со очите, туку ги чувствувамесо целото свое битие. Дела што нè враќаат во некое друго време, будат спомени и нè потсетуваат кои сме биле и што сме сонувале. Таква беше премиерата на мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, која на 2 и 3 јуни ја исполни сцената на Македонскиот народен театар со емоции, музика, смеа, носталгија и потсетување на вредностите што нè поврзуваат. Во време кога сè почесто брзаме низ секојдневието, уметноста нèпотсетува да застанеме. Да слушнеме. Да почувствуваме. Да се препознаеме во приказните што се раскажуваат на сцената. Токмузатоа Виталиа со гордост го поддржа овој значаен културен проект – оригинален македонски мјузикл создаден според текст на
Read more