Посна штрудла, без зејтин

Сотојки

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • џем или фил кој го сакате
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка сол
  • прстофат прашок за печиво
  • 1 лимон
  • вода
  • шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во шолја за чај раматете квасец со млака вода и оставете го половина час да отстои. Во чинија ставете брашно, сол, прашок за печиво, ванилин шеќер, па изрендајте кора од лимон, исцедете го сокот од лимон и прелијте со разматен квасец. Додајте вода по потреба, замесете тесто да не биде меко, така што нема да се лепи за раце. Оставете го тестото околу 1 час да надојде. Поделете го тестото на 3 или 4 дела, развлечете го секој дел со сукало и филувајте го со џем.
  2. Свиткајте го тестото во штрудла и ставете во плех обложен со хартија за печење. Пред ставање во рерна штрудлите пропрскајте ги со млака вода и печете во загреана рерна 20-25 минути.
  3. Испечената штрудла пропрскајте ја со вода, прекријте со чиста крпа 10 минути да отстои, исечете на парчиња, редете на тацна и по желба посипете со шеќер во прав
Translate »